За нас

(Google Translate)
ОМ СОБИР

Политичката партија Обединети за Македонија ќе ги почитува континуитетот и името ВМРО, со сите негови претходни варијации на името на Организацијата, кое е трајно врежано во меморијата на македонскиот народ, потенцирајќи го како едно, без поделби (т.е. без разлика на вера, национално самочувство и пол), со тоа повикувајќи се на Уставот на историското ВМРО и сите негови претходни варијации на името на Организацијата, затоа што со неговиот идеал се водела борбата до победоносниот крај за создавање на денешна самостојна и суверена држава Македонија.

Политичката партија Обединети за Македонија ќе ги почитува сите други организации кои придонесле за создавање на денешната држава Македонија, силно спротиставувајќи се на тоталитарните и недемократски режими, кои се трајно врежани во меморијата на македонскиот народ и неговиот вековен стремеж за своја слободна, суверена и независна држава врз чија идејно-политичка борба, како континуитет се изградени програмските цели и задачи на партијата. 

Обединети за Македонија е одговорна кон секого кој ги почитува: достоинството, слободата, почитта кон други луѓе, љубовта кон Татковината, демократските принципи и од нив изведените вредности на партиската политика.

 Обединети за Македонија е европска, прогресивна, центар-десно, народна партија, затоа што ги прифаќа европските стандарди и иднината на Република Северна Македонија ја гледа во Европа, а партијата во семејството на центар-десните, конзервативни партии.

Обединети за Македонија се залага за:

Државен патриотизам

Демократски развој

НАТО и ЕУ

Слободен пазар и индивидуална слобода.

Зелен конзерватизам

Правна држава

Државен патриотизам, не етнички национализам: Демократија, конструктивни идеи, државен патриотизам, а не манипулација врз база на етнички национализам.

Демократски развој и социјален просперитет на Република Северна Македонија.

Воздигнување на достоинството и духовните вредности на македонскиот народ, без разлика на вера и националност, граѓаните на Република Северна Македонија и македонската држава.

Индивидуална слобода: сите граѓани согласно законите, правата и обврските се слободни да располагаат со себе, својот имот како што сметаат дека е правилно, се додека не ја загрозуваат сопствената, како и слободата и безбедноста на другите.

Правна држава: Доследно спроведување на законите и правните процедури и самостојност во одлучувањето на судовите;

Слободен пазар: Пазарно стопанство и приватната сопственост, како темелни основи на економскиот систем.

Слободно здружување на граѓаните во партиски или непартиски организации и здруженија и за слобода на вероисповеданието, во која свештенството и верите се автономни;

Слобода на говорот и печатот, спротивставување на секаков вид политичко туторство врз новинарството, цензурата и интервенционизмот во новинарските прилози;

Градење на пријателство и добрососедство со сите соседни држави

Соработка со меѓународни организации чии што приоритети се регионална и глобална сигурност и заштита на човековите права;

Зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија и НАТО и со тоа  обезбедување на економско-социјална сигурност.

Зелен конзерватизам: Заштита на животната средина, зачувување на природата, што само по себе носи здраво потомство.

Подеси фонт
Контраст