(Google Translate)
Честит 23 Октомври! Само обединети можеме да успееме!

Честит 23 Октомври! Само обединети можеме да успееме!

Во далечната 1893 година, се поставиле темелите на организираното делување против ропството, угнетувањето и репресијата врз македонскиот народ.

Шестмина револуционери и интелектуалци (Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров), задоени од идејата за слобода и човечки правдини, ја создале Организацијата која ќе остане единствена внатрешна сила – заштитник на целиот македонски народ.

Тие знаеле дека ослободувањето на Македонија и Одринско зависи единствено од сопствените сили и средства, со што со нивните идеали биле пред времето. Саможртвата за слободата ја докажале преку Илинденското, Тиквешкото и другите востанија, гордоста на своето преку нерамните борби, без да размислуваат за нивните лични животи.

Храброста на овие револуционери е инспирација во текот на годините, македонскиот народ во својот код да го исцрта зборот „правдина“.

Затоа, во модерното доба, должни сме без разлика на вера, националност и пол, да се фокусираме кон подобра иднина, бидејќи само обединети можеме да успееме и да допринесеме за подобар живот на граѓаните.

Нека ни е честит и вековит празникот!