(Google Translate)
ОММ: Еднакви стипендии – еднакви можности за студирање

ОММ: Еднакви стипендии – еднакви можности за студирање

Министерството за образование и наука соопшти дека од оваа година студентите ќе добиваат покачени стипендии.

Со самото објавување на конкурсот пред некој месец, се заклучи дека покачените стипендии нема да важат за сите студенти. Само кандидатите кои првпат аплицираат за државна стипендија ќе добијат средства согласно новата одлука, додека пак студентите кои се веќе корисници на стипендии нема да добијат покачување на истите. Па од тука доаѓаме до очигледниот заклучок дека новиот закон за стипендии нема да им овозможи на сите студенти да земаат еднаков износ за одредена стипендија од иста категорија.

Новите апликанти кои ќе добијат стипендија, на пример од прва категорија (социјална група) ќе добиваат по 6 050 денари месечно во текот на студентската година, додека студентите од иста категорија кои веќе се корисници на самата стипендија ќе го добиваат веќе постоечкиот износ од 3 300 денари.

Зарем трудот, оценките, успехот на студентите МОН не го вреднува исто? Зошто за иста категорија на стипендија новите кандидати ќе добиваат повисок износ, а притоа веќе постоечките кандидати ќе останат на стариот, симболичен износ од 3.300 денари? Зарем законот не треба да важи подеднакво за сите?

Затоа, како политички подмладок на Обединети за Македонија кој во своето интерно уредување има и студентска организација, сугерираме до МОН да изнајде соодветно решение за еднакво распределување на стипендиите, односно, сите студенти да добиваат исти средства.

Како демократска држава, не смееме да си дозволиме ваков вид на декрадирање и дискриминација, затоа цврсто стоиме на страната на студентите и го разбираме нивниот револт. Очекуваме дека овој проблем ќе се реши и дека нема да има дискриминирани студенти.

Затоа што образованието е еден од основните столбови на успешно, просперитетно општество и стабилна држава!

За нашите студенти! За еднакви можности!