(Google Translate)
Денес е твој ден Македонијо! Честит празник!

Денес е твој ден Македонијо! Честит празник!

Пред 30 години македонскиот народ гордо и достоинствено се изјасни за самостојна и суверена држава. Денес го прославуваме независното постоење на нашата држава проткаено со многу борба, истрајност, предизвици, подеми, успеси.

На овој ден, пред 30 години ставивме крај, точка на едно поглавје кое го пишуваа други и започнавме да создаваме своја, македонска иднина. Започнавме заеднички да градиме слободна и независна држава.

Ние денеска ја живееме реалноста за која мечтаеле и се бореле многу генерации. Должноста е наша, да ја оправдаме секоја борба, секоја солза, секоја надеж и пожртвуваност кои не донесоа до овој момент, 30 години независност.

Гордо, достоинствено и со срца исполнети со радост да го прославиме овој јубилеј!

Денес е твој ден Македонијо!

Нека ни е честит празникот! Да сме вечни и сложни!