(Google Translate)
Инклузија на лицата со попреченост во политиката: Фотографии со позитивни пораки од лица со попреченост

Инклузија на лицата со попреченост во политиката: Фотографии со позитивни пораки од лица со попреченост

Во рамките на проектната иницијатива „Инклузија на лицата со попреченост во политиката“,

поддржана од Швајцарската амбасада / Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ), Национален младински совет на Македонија – НМСМ и ИФЕС, беа изработени фотографии со позитивни пораки од лица со попреченост.

Проектот е предводен од Лидија Ѓорѓевиќ, потпретседателка на Обединета младина за Македонија.

Кога ќе се спомене терминот – лица со попреченост, вниманието веднаш ни го привлекува зборчето „попреченост“. И без два пати да размислиме фокусот веднаш го ставаме на попреченоста а притоа игноријаќи ја личноста.

За да видиме колку прекрасна може да биде една личност која со себе, на било кој начин носи одредена попреченост ви ги претставуваме фотографиите на Даниела Стојановска Џинговска и Сандра Пешевска Мицковска!

Фокусирајте се на нивната убавина и совршените насмевки!

Животот има одредена мисија, се надевам дека секој од нас ќе успее да ја спознае и реализира сопствената, следејќи ги своите цели и соништа.
За некои луѓе не постојат реални пречки кон успехот, таков е случајот и со Христијан Ѓорѓевиќ.

Потешкотиите со кои се има соочено не го спречиле на своите 27 години да биде успешен, секогаш насмеан и блескаво да ја шири својата позитивна енергија.
Уживајте во магијата на оваа фотографија!

За некои личности не постојат доволно зборови за да се опише колку тие се прекрасни, особени и носејќи ги сите предизвици со себе сепак цврсто и решително чекорат по патот на животот.

Ви ја претставуваме фотографијата на Бојана Младеновска, нејзината насмевка и сјајот во очите говорат повеќе од било кој искажан збор.

Дарко Тасковски, личност којашто кога еднаш ќе ја запознаете ќе посакате постојано да биде дел од вашиот живот.

Неговиот шарм, извонредната смисла за хумор, позитивната енергија, способноста да ги разбере останатите и да им помогне се негов заштитен знак.
Кој не би посакал да има ваков пријател, колега во животот?

Ви ја претставуваме неговата фотографија со којашто ви пренесува исклучителна порака!