(Google Translate)
24 Мај – Честит празник! Да си го чуваме и негуваме нашето писмо!

24 Мај – Честит празник! Да си го чуваме и негуваме нашето писмо!

Денес го празнуваме 24 Мај – денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Нивното дело е значајно за сите словенски народи, бидејќи со нивното дело, тие го започнале нивниот духовен развој.

Со создавањето на глаголицата, а подоцна од нивните следбеници кирилицата, се развила уникатна култура која оставила траен белег и уникатност кај словенските народи.

Како и секоја година, Обединети за Македонија повикува да си го чуваме и негуваме нашето писмо, со тоа што ќе го користиме секаде – од електронските медиуми до пишани медиуми, бидејќи посебноста и традицијата треба да си ја почитуваме.

Нека ни е честит празникот! За многу години!