(Google Translate)
Онлајн дружба со Jacob Rees-Mogg

Онлајн дружба со Jacob Rees-Mogg

Младите од Обединети за Македонија заедно со сестринските конзервативни партии од Европа и младите Републиканци од САД имаа интересна и продуктивна дружба со Jacob Rees-Mogg.

Ѓорѓи Станковски, Лидија Ѓорѓевиќ и Ристо Прчев од Раководството на Обединета младина за Македонија и Марија Димова од задграничниот комитет на ОММ во Британија присуствуваа на овој онлајн разговор.

Му поставувавме прашања поврзани со РС Македонија како земја-кандидат за влез во ЕУ, Британија за младите после Брегзит и нејзината политика, иднината на Шкотска како дел од Велика Британија итн.

Господин Рис-Мог беше благодарен и ни посвети особено внимание. Ни порача дека пред сѐ, како држава треба да си го задржиме суверенитетот и ние треба сами за себе да одлучуваме пред сѐ што е најдобро за нас.

Ја искажа и потребата на враќање на ЕУ во своите примарни цели за слободен пазар и без централизација од Брисел.

Џејкоб е високопочитуван пратеник од редот на британските конзервативци и со својата харизма е впечатлив секаде каде држи настап. Тој зборуваше и за неговата улога како лидер на Претставничкиот дом и како британски пратеник после Брегзит.

Благодарност до European Young Conservatives за беспрекорната организација.