(Google Translate)
Дискусија по повод измени во Законот за субвенциониран студентски оброк

Дискусија по повод измени во Законот за субвенциониран студентски оброк

На покана на Претседателка на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Ева Цветковска, присуствувавме на јавната дискусија по повод измените на законот за субвенциониран студентски оброк.

Сите засегнати страни беа исконсултирани – претставниците на студентите на секој Универзитет, подмладоците на политичките партии, претставници од Министерството за образование и наука, пратеници и останати младински организации и организации за млади.

Ристо Прчев беше претставник од Обединети за Македонија. Таму тој ги претстави ставовите на нашиот политички подмладок:

  •  Поддршка за предлог законот, средствата наменети за студентски оброк, поради пандемијата да се користат и за други трговци.
  • Дадовме предлог да се оформат работни групи од подмладоци и организации за изнаоѓање решенија за подобрување на образованието, бидејќи знаеме колку ниско сме рангирани низ реномирани аналитички центри.
  • Да се охрабрат универзитетите да добиваат официјални студентски картички на англиски јазик како официјален документ за да може без претходно преведување на потврди за редовен студент да се користат бенефиците за студентите во другите земји, пример за Work and Travel програмите.

Со ова докажуваме уште еднаш дека младите од Обединети за Македонија секогаш ги поддржуваат добрите и позитивни политики кон младите и студентите, но и се подготвени да дадат издржани предлози за подобрување на животот на младите луѓе.