(Google Translate)
Бошкоски за Сител: Очекувам апсолутна ослободителна пресуда

Бошкоски за Сител: Очекувам апсолутна ослободителна пресуда

Судењето „Кампања“ за Љубе Бошкоски по десет години се враќа на повторно судење.

Кривичниот совет постапувајќи по барање на Љубе Бошкоски, го уважил барањето за повторно судење на предметот. Целта е да се докаже невиноста и дека тоа е монтиран политички процес од времето на Никола Груевски.

Тоа беше обележано како политички мотивиран случај и од Стејт Департментот, меѓународни институции за човекови права и судот во Стразбур.

„Режимот бараше начин да се пресмета со мене политички. Дека е тоа така, еве потврди судот во Стразбур. Измислија термин кој во правото не постои – фактички шеф на изборна кампања.“

Погледнете ја изјавата: