(Google Translate)
ОММ: Левица и нивната младина покажаа како младите не треба да се однесуваат

ОММ: Левица и нивната младина покажаа како младите не треба да се однесуваат

Обединета младина за Македонија е крајно изненадена од некултурата во објавениот видео-запис на марксистичко-ленинистичката „Црвена младина“ каде што се пее пародична песна.

Ние, како младинска организација и политичка партија сме за слобода на говор и пародијата е нешто нормално во демократските општества, секако, кои се споделуваат на капиталистичките западни социјални медиуми. Потенцираме: „капиталистичките западни социјални медиуми.“

Сепак, ова ли е примерот кој Левица им го дава на младите, со вулгарни зборови да се изразуваат, без факти и докази, со несврзани реченици на почеток на видеото?

Вака ли Левица ќе создава кадри кои утре во Собрание следејќи го примерот на нивниот лидер, ќе користат жаргон, вулгаризми и ќе даваат лош пример за младите генерации?

Ние како десен подмладок, секогаш се потпираме на факти и докази, а не на празни и прости фрази, па затоа би сакале и неколку да потенцираме:

Република Северна Македонија е нашата држава, држава на македонскиот народ, на географскиот регион Македонија, со сопствена македонска култура.

Индивидуална слобода е на секој човек да се чувствува и да биде тоа што е. Поголемиот дел од македонските граѓани се изјаснуваат за Македонци, ниту за Северџани, ниту за Бивши-југословени.

Цитираме од вашата веб-страница: „Ние претставуваме комунистичко движење на млади луѓе со цел научната мисла на марксизмот-ленинизмот да ја вбризгаме во идните креатори на општеството како политичка и културна авангарда за национална слобода и прогрес.“  Многу добро знаеме низ историјата колку зло нанеле комунизмот и нацизмот во светот. Добро е да ја отворите западната, капиталистичка веб-страница GOOGLE и да пребарате што значи „Гулаг“. Извинете, но ваквите диктаторски, неиживеани и манипулативни политики многупати сме ги поминале низ историјата.

Сепак, како подмладок кој ги почитува демократските принципи, должни сме да ја почитуваме вашата определба како Северџани или пак, ако милувате, Бивши-југословени, како што нѐ нарекуваа со привремената референца во минатото. Но, да ве потсетиме – Југославија не постои многу време, а вашите сегашни идоли кои се „лидери“ на некои комунистички држави и уште се потпираат на комунистичката доктрина, се на економско и социјално дно и со најнизок степен на слобода.

Културата, бонтонот, доброто однесување, почитта, манирите и вистинските вредности никогаш не излегуваат од мода.

Ние, младите политичари треба да бидеме добар пример за сите што нѐ следат, за сегашните и идните генерации.

Левица и нивната младина покажа како младите не треба да се однесуваат.

Изразуваме длабоко жалење што Левица продуцира кадри коишто ќе бидат непродуктивни, од коишто ќе очекуваме да се изразуваат вулгарно, погрдно и кои ќе дејствуваат без притоа да имаат факти и докази за одредена ситуација.

ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!