(Google Translate)
Од прво лице: Инклузија на лицата со попреченост во политиката

Од прво лице: Инклузија на лицата со попреченост во политиката

Во рамките на проектната иницијатива „Инклузија на лицата со попреченост во политиката“,

поддржана од Швајцарската амбасада, Национален младински совет на Македонија – НМСМ и ИФЕС, беа изработени видеа, спроведување на интервјуа со лица со попреченост.

Проектот е предводен од Лидија Ѓорѓевиќ, потпретседателка на Обединета младина за Македонија.

Голема благодарност до Даниела Стојановска-Џинговска, Бојана Младеновска, Борјана Златанова и Љубиша Савески, коишто беа дел од оваа активност и допринесоа со своите лични приказни за нејзино успешно реализирање. Сведоци сме дека честопати се зборува за проблемите, бариерите, ограничувањата со кои се соочуваат лицата со попреченост. Исто така, на дневниот ред во политиката, понекогаш се предлагаат проекти и решенија – како да им се овозможи поголема вклученост на лицата со попреченост во општеството.

Многу ретко се случува дел од овие проекти и предложени решенија да ги видиме реализирани и во пракса. Лицата со попреченост се категорија на граѓани кои ги имаат апсолутно истите права како и сите останати. Но, се поставува дилемата дали овие права тие можат да ги уживаат подеднакво, дали имаат еднаква стартна позиција со останатите граѓани?

Во овие видеа, лицата со попреченост ќе ви дадат директен одговор на овие прашања, ќе ви отворат нови дилеми и за момент ќе ве натераат длабоко да размислувате токму на оваа тема. Тие пренесоа премногу добри пораки во самите видеа. Од нив ќе слушнете и ќе научите што е она што сѐ уште недостига во нашето општество, кои се бариерите со кои лицата со попреченост се соочуваат.

Ќе го дознаете и нивниот став и мислење за вклученоста на лицата со попреченост во политиката. Со огромна љубов и надеж за позитивни промени ги објавуваме четирите видеа.