(Google Translate)
Дебата на тема: „Лица со попреченост: Успешни политичари или предизборно оружје?“

Дебата на тема: „Лица со попреченост: Успешни политичари или предизборно оружје?“

Во рамките на проектна иницијатива „Инклузија на лицата со попреченост во политиката“, предводена од Лидија Ѓорѓевиќ, потпретседателка на Обединета младина за Македонија, поддржана од Швајцарската амбасада, Национален младински совет на Македонија и ИФЕС, на ден 31.03.2021. среда со почеток од 20:00 часот на online платформата ZOOM, беше спроведена дебата на темата: „Лица со попреченост: Успешни политичари или предизборно оружје?“

На дебатата учествуваа 32 учесници, меѓу кои беа присутни и:
– Раде Милосовски, Генерален секретар на Обединети за Македонија
– Ѓорѓи Станковски, претседател на Обединета младина за Македонија
– Драгица Ѓавочанова, пратеничка од СДСМ и дел од интерпарламентарната група за лица со попреченост
– Билјана Ангелова, Бугарска амбасада и хуманитарен активист во РС Македонија
– Благица Димитровска, претседателка на здружението „Инклузива“ – Куманово
– Татјана Арсовска, потретседателка на здружението „Инклузива“ – Куманово
– Албина Сефадини, претставничка од Национален младински совет на Македонија.

Беа присутни и претставници од подмладоците на политичките партии на Обединети за Македонија, ВМРО-Народна партија, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и други. Меѓу учесниците имаше и голем број на лица со попреченост.