(Google Translate)
Дебата: Лица со попреченост: Успешни политичари или предизборно оружје

Дебата: Лица со попреченост: Успешни политичари или предизборно оружје

Во време на предизвици и период кога пред нас претстојат Локалните избори време е да поговориме за вклученоста на лицата со попреченост, пред сè во општествениот живот, а понатаму и во политичкиот.   За таа цел ве охрабрувамe да се вклучите на дебата на темата: „Лица со попреченост: Успешни политичари или предизборно оружје“ која ќе се одржи на 31.03.2021, среда со почеток во 20:00 часот на online платформата – ZOOM.

Линк за пријавување на учесници –https://forms.gle/z2zsta4ATbDjVuet8

Сместете се удобно во вашите домови, и на два часа пред почетокот на полицискиот час подгответе се убаво и квалитетно да го исполните своето време.

Добродојдени се сите претставници на политички партии, нивните подмладоци, здруженија на граѓани и индивидуалци.

Дебатата е дел од иницијатива: „Инклузија на лицата со попреченост во политиката“ на Лидија Ѓорѓевиќ, потпретседателка на Обединета младина за Македонија.