(Google Translate)
ОМ: Да не се чепка демократското право на самоопределување – да се фокусираме на изборни реформи

ОМ: Да не се чепка демократското право на самоопределување – да се фокусираме на изборни реформи

Обединети за Македонија е против предлог-законот дека право на пратеничка функција треба да имаат само лицата со македонско државјанство, а да се забрани на тие што имаат уште едно.
 
Овој предлог-закон е дискриминирачки и нелогичен.
 
На пример, постојат деца од мешани бракови (бракови од две националности). Не е логично, ниту демократски, тие луѓе ако имаат квалитет, да не се најдат на листите.
 
Зошто мора да се навлегува во демократското право на лично самоопределување?
 
Секој еден граѓанин може да се чувствува како сака. Низ годините видовме голем број пратеници кои седеа на пратеничкото столче и иако биле само со македонско државјанство, воделе деструктивни политики.
 
Затоа, важен е квалитетот. Тој единствено ќе се добие со една изборна единица и отворени листи, а не со оговарања, навлегување во приватноста и правото на самоопределување.