(Google Translate)
Етничката определба е индивидуално право на самоопределување

Етничката определба е индивидуално право на самоопределување

Почитувани,

Обединети за Македонија апелира до предлагачите за додавање на етничката припадност вo новите лични карти, да го преиспита овој предлог и да се направи подобра анализа за последиците кои може да се случат.

Обединети за Македонија не го поддржува вметнувањето на етничката определба во личните карти.

Индивидуална слобода е на секој човек да се чувствува и да биде тоа што е. Дури и во федеративните држави и во држави каде има повеќе националности, не се пишува етничката определба – тоа е свето право на индивидуална слобода и демократија.

Прашуваме, дали е тоа план за во иднина некои да имаат повеќе привилегии? Кои етноси ќе бидат дозволени? Дали ако некој на шега се пише непозната или нова етничка припадност, ќе се земе во предвид? Многу нелогичности, нели?

Т.н. Правична застапеност по националност, полека треба да ја трансформираме во правична застапеност по квалитет. Доста беше понижување на македонската интелигенција, без разлика на националност.

Со вметнувањето на етничката определба, наместо државен патриотизам, каде секоја индивидуа ќе го почитува Уставот и законите на РС Македонија, ќе плаќа даноци и ќе придонесе кон напредокот на татковината, ќе се случи поделба на т.н. “етнички кланови” и зголемување на етничкиот национализам, што е спротивно од државниот патриотизам.

Треба да учиме од грешките на историјата. Сме апелирале и ќе апелираме дека Уставот на историското ВМРО е: Обединување на целиот македонски народ, без разлика на вера, националност, пол и убедување.

Грешките и поделбите на етничка основа во минатото, одделување на етноси и меѓусебен раскол во романтичарскиот период во 19-ти век, довело до целосен колапс на ослободителното движење, меѓусебни тензии и ликвидирање.

Со таквото губење на единството, шансите за политичка автономија на Македонија биле минимални и довеле до колапс.

Време е да ги тргнеме нашите фиктивни и беспотребни поделби и наместо да се фокусираме на закони кои ќе доведат до поделби и понижување на интелигенцијата, да се фокусираме на македонската демократизација.

Чекор плус во демократизација и единството би било една изборна единица и отворени листи за локални избори – тема која почна да се занемарува последните месеци.