(Google Translate)
Поддршка за доктор Сашко Николов за градоначалник на Штип

Поддршка за доктор Сашко Николов за градоначалник на Штип

Сашко Николов е човек кој ја заслужува поддршката на овој град. Човек кој можеше да направи голема кариера во својата професија, но одбра да се посвети на својот град.
Ние, како Обединети за Македонија даваме поддршка на Сашко Николов, бидејќи има делови од програмата кои се центар-десничарски.
Програмата гарантира дека ќе се обноват спомениците на славните револуционери, од славното минато на Штип. Ова е град на вистински вмровци.
Исто така, програмата на идниот градоначалник, доктор Сашко Николов, нуди одлична политика за заштита на животната средина.
Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски дополнително во своето излагање додаде дека го поддржува доктор Сашко Николов за градоначалник на Штип, затоа што тој во својата програма ги опфаќа и социјално-загрозените лица на граѓани, како и лицата со попреченост.
Многу важен сегмент е да им се обезбеди и на овие граѓани како и на сите останати достоиствен живот и да се запазат нивните права.
Ова ќе биде дополнителен чекор кој ќе придонесе овие граѓани слободно и активно да се вклучат во општествениот живот.
Ова е уште една причина плус зошто ние ја даваме нашата поддршка токму на доктор Сашко Николов.
Искрено се надеваме дека заедно ќе се радуваме на неговата победа затоа што само така Штип ќе биде во сигурни раце!