(Google Translate)
Ѓорѓевиќ и Коцев присуствуваа на настанот: „ИЗБОРИ за СИТЕ со здравствени мерки за заштита од КОВИД 19“

Ѓорѓевиќ и Коцев присуствуваа на настанот: „ИЗБОРИ за СИТЕ со здравствени мерки за заштита од КОВИД 19“

На покана од здружението „Инклузива“ – Куманово, Лидија Ѓорѓевиќ и Благој Коцев, Претседател на Комисијата за здравство при Обединета Младина за Македонија, присуствуваа на настанот : „ИЗБОРИ за СИТЕ со здравствени мерки за заштита од КОВИД 19“.
Настанот беше организиран од страна на здружението „Инклузива“ и се спроведе на онлајн платформата „Zoom“.
Здружението „Инклузива“ во завршната конференција ја претстави својата работа и реализацијата на проектот „Учество на лица со попреченост во изборниот процес за време на пандемија – КОВИД 19“.
На почетокот на конференцијата збор имаше претседателката на здружението „Инклузива“, госпоѓа Благица Димитровска.
Таа во своето излагање преку видео запис и прекрасно подготвена презентација ги претстави резултатите од успешно спроведениот проект.
Се дебатираше со Оливер Дерковски – Претседател на ДИК, како и Јоана Козман, Директор на Меѓународната фондација за изборни системи.
Свое излагање на настанот имаше и Лидија Ѓорѓевиќ, потпретседателка на Обединета Младина за Македонија која што воедно е и долгогодишен активен член во здружението „Инклузива“.
Таа беше вклучена од самиот почеток во процесот на спроведување на овој проект и го даде својот максимален придонес.
Ние како Обединети за Македонија секогаш ќе се бориме лицата со посебни потреби на најдобар можен начин и успешно да можат да го остварат своето право на глас.
Секогаш ќе ги поддржуваме и охрабруваме во изборните процеси и се надеваме дека во иднина ќе допринесеме да се зголеми бројот на лица со посебни потреби на кандидатските листи.
Освен што имаат право да гласаат тие исто така имаат право и да бидат гласни!
Голема благодарност изразуваме и до здружението “Инклузива” кое што упорно, пожртвувано и успешно ги застапува лицата со посебни потреби и го унапредува процесот на нивната инклузивност.
Успешното спроведување на овој проект од нивна страна е само еден доказ за тоа.