(Google Translate)
Претставници на ОММ поминаа обука за политички дијалог на младите

Претставници на ОММ поминаа обука за политички дијалог на младите

Претставници на Обединета младина за Македонија овој викенд, 17 и 18.10.2020 поминаа обука за политички дијалог на младите (Youth Political Dialogue) којашто беше организирана од страна на Институт Охрид. Семинарот беше именуван во чест на Трајче Нешковски.

Обуката се спроведе во хотел Порта, Скопје. Со ова покажавме дека дури и во услови на пандемија со потполно почитување на мерките можеме да бидеме безбедни и воедно да се едуцираме.

Процесот на едукација на младите политичари е од големо значење со цел да се создадат квалитетни кадри кои што во иднина ќе раководат со нашата држава.

Ние како партија постојано работиме на процесот нашите млади политичари квалитетно да се едуцираат и да ги надоградуваат своите знаења, вештини и да се стекнат со информации кои што ќе бидат во нивна корист и во корист на сите граѓани. Претставниците на #ОММ по завршувањето на обуката се здобија со сертефикати.