(Google Translate)
(ФОКУС) Бошкоски: Мислев дека Ковид-19 е обичен грип, но кога завршив на Инфективна, со неподнослива главоболка, го сменив мислењето!

(ФОКУС) Бошкоски: Мислев дека Ковид-19 е обичен грип, но кога завршив на Инфективна, со неподнослива главоболка, го сменив мислењето!

По десет дена поминати на Инфективната клиника во Скопје, Љубе Бошкоски го победи корона вирусот и од неодамна повторно е во својот дом во родното село Челопек. Тој вели дека како и многу граѓани сметал дека Ковид-19 е теорија на заговор, односно го изедначувал со сезонскиот грип. Но, кога се соочил со него, тогаш вистински ја сфатил сериозноста.

Како што раскажува за „Фокус“ на почетокот немал симптоми, а се тестирал бидејќи сакал да оди во Хрватска. Тој тогаш дури објави дека се чувствува одлично и дека прави ајвар.

-Но, по пет-шест дена ситуацијата стана сериозна. Имав многу силна главоболка, која веќе беше неподнослива, па затоа и завршив на Инфективната клиника. Таму ме лекуваа 10 дена, по што се чуствувам многу подобро, вели Бошкоски за „Фокус“.

Тој појаснува дека за среќа не морало да добие кислородна поддршка, а бил лекуван со комбинација на антибиотици, за што се грижел, како што вели врвниот доктор Илир Демири.

-Сега се чувствувам могу подобро, но продолжувам да примам лекарства. Имам оштетување на белите дробови, но со тек на време тоа треба да се излечи. Затоа им препорачувам на граѓаните да ги почитуваат мерките, да носат маски и да држат дистанца, бидејќи вирусот е навистина сериозен. За жал за тоа стануваме свесни кога ќе го осетиме на сопствената кожа, вели Бошкоски.

Валентина Вурмо

линк: https://fokus.mk/boshkoski-mislev-deka-kovid-19-e-obichen-grip-no-koga-zavrshiv-na-infektivna-so-nepodnosliva-glavobolka-go-smeniv-misleneto/?fbclid=IwAR3BgefYrOMYGi7gxmf04AdM7vv_57ixMCbLabcN-sfaSzOcOITD-lOyH0M