(Google Translate)
ОM на сите македонски граѓани им го честита 2 Август – Илинден

ОM на сите македонски граѓани им го честита 2 Август – Илинден

Живеејќи го сонот на минатите генерации и гордо сеќавајќи се на борбата за слобода, Обединети за Македонија на сите македонски граѓани им го честита 2 Август – Илинден.

Илинден е симбол на македонскиот непокор, на борбата за слобода и правдини. Пред 117 години, револуционери и идеалисти го кренаа Востанието, со чиста мисла и желба за автономија и човечки правдини. Илинден е и инспирација и паметник за македонските генерации, ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број на револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.

Денес, гoрдo и хрaбрo чекoриме нaпред, потсетувајќи се на славното минато, рaзмислувајќи зa пoдoбрo утре. Како нов Илинденски патоказ денес се бориме за европска и евроатланска интеграција на нашата земја.

Пред нас е и нова борба – за современа, просперитетна и економски напредна Македонија, во чекор со земјите на НАТО и европските држави.

Доколку борбата на нашите предци била создавање на независна македонска држава, нашата борба е да ја зачуваме и да и го трасираме патот кон економски напредок и просперитет, кон ЕУ, каде што природно припаѓаме.

Во таа нова, современа битка, ОМ со новата сила и нова енергија, со стратегија и силен мотив ќе опстојува на заложбите на Илинден- за слободна, самостојна и економски силна Македонија.

Нека е честит и вековит Илинден!
Нека е Вечно делото на Илинден!
Нека е вечна славата на борците за слободна и независна државност!
Нека е вечна нашата татковина Македонија!