(Google Translate)
Заврши модулот „Млади балкански лидери“ – ОММ активно учествуваше во овој модул

Заврши модулот „Млади балкански лидери“ – ОММ активно учествуваше во овој модул

Млади лидери од сите сфери на општественото делување од Македонија, Бугарија и Србија седнуваат на една маса и креираат младински политики на програматa #YoungBalkanLeaders

На овогодинешниот сет од модули учествуваа млади политичари од партиските подмладоци, како и млади активисти кои се активни чинители во македонското општество од сите сфери на делување.

Првиот модул се реализираше во бугарскиот град Пловдив, вториот во Ниш, а третиот во Охрид. За време на третиот модул учесниците остварија и студентска посета на Европскиот парламент и европските институции во Брисел. Во Белчин Бања, Бугарија се одржува последниот модул за кој е предвидено да се заврши со официјално предавање на дипломите за учество и тоа од страна на пратеничката на Европскиот парламент од Бугарија и комесар за економија и општество, Марија Габриел.

„Ова е можност да седнеме на иста маса и да ги споделиме нашите проблеми но и да ги споделиме нашите идеи за во иднина, како и да научиме нешто ново преку предавањата кои опфаќаат многу теми, а се клучни за работењето и активното учество во процесите на креирање и одлучување“ е еден од заклучоците на оваа обука.

Ѓорѓи Станковски е учесник од младинската организација на Обединети за Македонија