(Google Translate)
ОММ учествуваше на Работилница за медиумска писменост со подмладоците на сите активни политички партии во државата

ОММ учествуваше на Работилница за медиумска писменост со подмладоците на сите активни политички партии во државата

По повод Деновите на Медиумската писменост, Институт Охрид, како член на Мрежата за медиумска писменост организираше Работилница за медиумска писменост со подмладоците на сите активни политички партии во државата.

На оваа работилница учесниците имаа можност да се запознаат со начините на препознавање на лажните вести, како и критичко размислување при конзумирање на вестите од најразличен вид.

Новинарот и уредник на емисијата „360 Степени“, господинот Васко Попетрески, го сподели своето искуство и знаење. Лидија Ѓорѓевиќ беше наш учесник на обуката.